Комуналците го рамнат и пресејуваат Градскиот стадион

 

 

Локалната самоуправа и ЈКП„Комуналец“ ги санираат последиците од запуштениот терен на градскиот срадион „Гоце Делчев“ по  неможноста на спортските клубови да го одржуваат истиот.

 

Изминатава година стадионот воопшто не се одржуваше, со тоа се доведе во прашање и  одржувањето на фудбалските натпревари.

Затоа, Локалната самоуправа и Комуналец одлучија истиот да го прерамнат и засејат со нова трева.  Само за стадинот ќе бидат употребени над  900 килограми семе и околу 60 м3 арско ѓубре.  Прилепчани ги паметат миговите кога од навивањето на градскиот стадион ечеше низ целиот град. Сликата на стадионот сега е очајна. Стручните служби од Комуналец велат дека истиот ќе може да се користи дури од август. По ова, ЈКП„Комуналец“ ќе продолжи интензивно да го одржува стадионот, а во план е да се уредат и сите трибини.

Како одговорна фирма, ЈКП„Комуналец“-Прилеп во 2010 година ископа бунар на градскиот стадион со издашност од 5 литри во секунда кој ќе се употребува за полевање.