Прес во ЈКП„Комуналец“-Прилеп

 

 

„Комуналец" годинава ќе го финишира проектот за секундарна селекција на отпадот

 

По воведувањето на примарната селекција на отпадот пред три години, прилепски „Комуналец", ги привршува подготовките и за ставање во функција на линијата за секундарна селекција на отпадот. Инвестицијата е вредна 12 милиони денари, и е прва од таков вид во земјава.Дополнително за изградба на халата и платото за секундарна селекција на отпад, Комуналец ќе инвестира 15.000.000,оо денари. За корпите за отпадоци во домаќинствата се потрошија 13 милиони денари, а за над 100 контејнери за ЈПП и станбенените населби уШте 16 милиони.

-Со ова Прилеп е единствен град кој ја запазува законската регулативе за примарна селекција на отпадот која е децидна и вели дека се Што моЃе да се рециклира несмее да се согорува или уни;тува- ре;е на денеШниот прес  директорот Златко Ристески. И, додаде дека  вака поставената селекција и преработка на сиот отпад покажува дека во Прилеп до 2015 година би се рециклирале до 70 проценти од отпадот. Остатокот  од отпад,  кој  не  ќе може да се преработи, ќе биде третиран во Регионалната депонија која е предвидена да се гради во Пелагонискиот плански регион.

Моментно, ЈКП„Комуналец“, работи и на проектот „Компостара“, кој би треебало да профункционира во 2015-2016 година, а која ќе го третира биоразградливиот отпад. Досега во селекцијата се инвестирани над 45 милиони денари. Комплетниот проект Центар за селекција на отпад би чинел преку 120 милиони денари, средства, кои ке ги одвојува комуналното претпријатие исклучиво за потребите на правилното третирање и управувањето со отпадот.