Чистење диви депонии
Граганите фрлаат, скиперите и тракторите изнесуваат.

    Комуналните екипи во борба со дивите депонии низ градов. Се исчисти ѓубриштето пред Тутунски комбинат, на ул„Борис Кидрич“ кај Педано, од дворот на училиштето Добре Јованоски, кај детската градинка во Тризла и на кејот кај поранешен судија за прекршоци.

    Секојдневно во Комуналец се обракаат грагани кои се жалат на дивите депонии кои им се во непосредна близина, а кои никнуваат така речи прекуноќ. Ние сме нон-стоп на терен, но додека не се подигне јавната свест кај населението  на задоволително ниво, тешко дека ќе можеме да го решиме овој проблем. Со покачувањето на цената на нафтата, граганите или превозниците бараат само слободно место каде можат да го истурат градежниот шут или сметот. Веќе тоа не го прават и надвор од градов, туку во најблиското место -вели Златко Ристески директор на ЈКП“Комуналец“.

    Наредниов период ке се продолжи со расчистивање на дивите депони  од кои се регистрирани над 100тина. Локалната самоуправа и комуналното претпријатие трошат пари за несовеста на граѓаните, наместо истите средства да се употребат во разубавување и општи добра за сите.