Прилеп во 2014 со фабрика за селекција на отпад

 

 

Линијата за селекција на отпад во вредност од 14 милиони 690 денари е сместена на платото од Терминалот.

 

По спроведените царински постапки, линијата во своја сопственост ја прими Јавното комунално претпријатие „Комуналец“.

Градоначалникот Марјан Ристекси, вели дека иако не е изградена халата за која сеуште се чека градежната дозвола за еден месец, сепак, според договорот кој е потпишан со хрватската фирма „Техникс“, линијата е испорачана според договорот. Моментално Јавното комунално претпријатие истата ја отплатува според договореното. Во финансирањето на овој капитален објект ќе се вклучи и општината, иако досега комуналците од сопствени средтва инвестираа околу 50 милиони денари во примарната селекција.

Линијата која ќе се инсталира е со капацитет од 150 тони за 24 часа, а во моментов во општина Прилеп се собираат околу 90 до 100 тони отпад дневно. Остатокот ќе се надополнува со селкција на отпад од депонијата Алинци. Се планира за 3-4 години да се исчисти и практично да не постои сегашната  депонија.

Халата каде ќе биде сместена линијата ќе се гради во непосредна близина на депонијата, за што со одлука на Управниот одбор беше решено да се докупи приватното земјиште околу депонијата. Покрај халата ќе се гради и големо плато за сместување на рециклирачките материјали.

По завршување на оваа инвестиција, треба да отпочне и изградбата на компостарата за биоразградлив отпад од што ќе се произведува арско ѓубре. Овој проект го планирааме да се реализира до 2015 година, зависно од инвестициите со кои ќе располагаме изјави Зларко Ристески, директор на ЈКП„Комуналец“-Прилеп.

Ако дозволуваат финасиите, комуналците се со идеја да се гради фабрика од помал обем за рециклирање на хартија и фабрика за рециклирање на  отпад од градежни материјали. Со вака поставениот модел на управување со отпад, Прилеп ќе депонира само 15 до 20% отпад кој неможе да се преработува. Прилеп и за ова има решение. Или ќе гради санитарна депонија од помал обем за потребите на општинава или овој отпад ќе го депонира во најблиската санитарна депонија предвидена да се гради во Пелагонискиот плански регион, за што, комуналното претпријатие согласно европските нормативи ќе си плаќа надоместок за депонирање.