Надлежните во посета на капелата и контрола на завршните работи

 

 

Капелата е на површина од 1400м2 со надворешниот уреден простор и ќе биде една од најопремените и најпространите во државава.

 

Капелата е со можност за извршување на четири церомонијални погреби истовремено. Вкупната вредност на објектот ќе чини околу 25,000,000 денари и за брзо време треба да се стави во функција.

Набавени и инсталирани се морталните фиоки во вредност од 1.083.000. Во тек се набавките за ентериерот. Се доработува и платото околу капелата со бехатон плочки, а предвидено е и хортикултурно уредување.

Градоначалникот Марјан Ристески, изјави дека се завршува уште еден капитален објект кој се реализира со средства од Локалната самоуправа и ЈКП„Комуналец“. Тој, додаде дека Капелата е од суштионско значење за градот и дека ќе се вложат максимални напори граѓаните да добијат ефтина услуга. Воедно најави дека до капелата ќе се изгради и црквата , со што, овој комплекс ќе има функционален и обреден карактер.

Златко Ристески ја потенцираше потребата по завршувањето на Капелата да се посвети поголемо внимание и работа на гробиштата и за неколку години да прераснат во парк со многу зеленило, слично на гробиштата во Вараждин.

Капелата ќе работи со пресметан час од ладилник и изложувалница, а тука ќе се води сметка да се испочитува желбата на фамилијата од починатиот. Во договор со свештенството од нашиов град сите церемонијални обреди ќе се извршуваат во Капелата. Предвидено е покрај изложувалниците да се опремат и две засебни простории за фамилиите. Капелата ќе ги нуди сите потребни услови за објекти од ваков карактер.

Капелата е неопходна потреба на граѓаните и моментално сите сили и финансиски средства на општината и јавното претпријатие Комуналец се насочени во најскоро време да профункционира овој објект.