За денот на дрвото, општината, комуналците и бизнис секторот ја разубавија Могилата

 

 

Набвени беа садници од сортата златна и зелена туја. Во акцијата за разубавување на Могилата се вклучија вработени од општината и бизнис секторот од нашиов град.

 

Градоначалникот Марјан Ристески, најави дека пролетва Могилата ќе прерасне во цветна градина, ќе се зголеми бројот на животните и сортни птици, а веќе се работи на проект кој ќе опфати забавен парк.

Директорот Златко Ристески, потенцираше дека Могилата е приоритет на комуналното претпријатие и дека се води сметка секоја педа да биде беспрекорно оддржана и во функција на граѓаните.