Нов проект за дополнително разеленување на Могилата

 

 

На Могилата, по повод 120 годишнината од ВМРО, граѓаните, јавни личности и екологисти ги засадија првите 120 дрвја од вкупно 1000-та колку што наредниов период треба да се засадат на Могилата.

 

Дрвјата ќе бидат засадени околу Могилата со цел да се формира зелен појас, дел ќе се засадува и кај споменикот Жена Борец.

Ова е проект на Локалната самоуправа и ЈКП„Комуналец“ подржан и од ЈП“Македонски шуми“.

За напролет се предвидени нови забавни содржини за најмладите, воедно Могилата покрај рајската градина во иднина треба да прерасне и во цветна градина.