Турнир во мал фудбал на комуналците

 

 

По повод прераната смрт на колегата Зоран Седлоски, ССКО при ЈКП„Комуналец“ -Прилеп, организираше турнир во мал фудбал на Могилата на 22.09.2013 година од 12 часот.

 

Колегата Седлоски почина на терените на Могилата минатата година во месец септември играјќи на истиот традиционален турнир на комуналците.

На турнирот учествуваа 4 екипи од различните дејности во Комуналец.
1.Екипа: Подигачи на смет, браварска, механичка работилница, селекција на отпад;
2.Екипа:Стари и Нови гробишта и градежна група;
3.Екипа: АОП, инкасатори, премер и дирекција;
4.Екипа: Паркови и зеленило и единица метачи;

Победник на традиционалниот турнир беше екипата составена од вработените на Градските Стари и Нови гробишта и градежната единица.