Паркови во Мало коњари

 

 

Два нови парка пуштени во употреба во Мало коњари.

 

Едниот парк изграден е за потребите на ОУ„Страшо Пинџур“ и е ставен во функција за учениците. Поставени се детски реквизити за забава, клупи и корпи за отпадоци. Инвеститори се Локалната самоуправа и Комуналец, а вкупната инвестиција е 20 илјади денари.

Вториот парк е со површина од 600 м2 и е изграден за потребите на населението од Мало коњари. Паркот опфаќа бехатон патеки од 300 м2, детско игралиште, урбана опрема и тревнати површини. Вкупната инвестиција е 600 илјади денари.

Куриозитет за овој парк е што Комуналец на коњарци им постави обележје кое е нераскинливо повзано со нив и легендата за ова село – односно паркот ќе го краси Силјан Штркот.