Нова пратка контејнери со кои ќе се заменат постоечките

 

 

Со високите температури кои ги имаше летово се појави потребата од набавка  на нови контејнери за органски отпад.

 

Ќе се заменуваат сите контејнери во централното градско подрачје, старата чаршија, улицата „Прилепски бранители“, Булеварот „Гоце Делчев“, по кејот и на други места каде фреквенцијата на граѓани е голема.

Од Комуналец, велат дека мораат да ги заменат постоечките контејнери со нови, иако истите се во употреблива здрава сосотојба заради тоа што од нив се шири непријатна миризба од претоплото лето. Воедно сите контејнери за мешан отпад во станбените блокови и улиците ќе се мијаат дел на лице место со цистерна до постоечките шахти, а таму каде што нема услови ќе се транспортираат до платото на возниот парк каде ќе се изврши темелно миење и дезинфицирање.

Воедно, одделот за селекција на отпад и браварската работилиница во континуитет водат грижа за мрежестите контејнери кои служат за селектирање на отпад со тоа што извршуваат поправка и премачкивање со нов слој боја. Вакви собирни пунктови за мешан и отпад за селкција во градов има над 360, со што, во целост е покриен градот со потребите кои ги имаат граѓаните за одлагање на отпад.

Со ваквата акција, комуналците, уште еднаш докажуваат дека приоритет во работењето им е правилното третирање и управувањето со отпадот кој е од јавен интерес и грижата за чиста животна средина.