За изградба на Авенијата се сечат дрвјата на ул„Александар Македонски“

 

 

По налог на Локалната самоуправа, комуналците започнаа со сечење на дрвјата од дрворедите по улицата „Александар  Македонски“.

 

Се сечат над 160-сетина дрвја по што ќе се пристпи и кон длабинско вадење на корењата за да се овозможи рамен терен за изградба на планираната Авенија.

За 3 до 4 дена ќе заврши сечењето на дрвјата, а  во работата се вклучени поголем број на работници со цел да се осигураат минувачите но и возачите на моторни возила.

Воедно, од  Комуналец ги информираат граѓаните дека по изведбата на улицата ќе се засадат дрвја и ќе се уреди средишниот дел од Авенијата по теркот на европските метрополи.

Комуналците, покрај сечењето и транспортот на дрвјата и гранките, веднаш пристапуваат и кон темелно метење и миење на улицата за да им се овозможи на жителите чиста животна средина.