Се чисти Дабничка река

 

 

Разноразен органски отпад,стари алишта, неупотребливи предмети, зарасната трева, троскот и џбунови чистат деновиве Комуналците на реката Дабничка.

 

Иако коритото изминативе 4 години редовно се чисти од страна на Локалната самоуправа и ЈКП„Комуналец“, се чини дека овој дел од речното корито и понатаму за одредени жители им служи за исфралање на разнопразен отпад.

Од Комуналец информираат дека иако речното корито не е нивна обврска за чистење, сепак, тие, редовно се вклучени во активностите за чистење на речните корита, со цел, да помогнат во зачувувањето на чиста животна средина. Со сите дождови од делот на Тризла преку Дабничка река се довлекува разноразно губре, за кое комуналците апелираат да се собира, а не да се истура во речното корито.

Темелно, со рачно чистење и косење се чистат зидовите на речното крито од обраснатата трева, а се чистат и големи количества на мил и тиње за да се овозможи подобар проток на водите кој се слеваат во градската река.

Од Комуналец, уште еднаш апелираат до граѓаните да не се исфрла секаков смет во реките, туку без оглед на видот и количините да се собира, а екипите од единицата подигачи на смет во предвидените термини ќе го соберат и транспортираат до депонијата Алинци .Со ова ќе си олеснат самите, но, и ќе им олеснат на комуналците, еднаш чистеното да не го чистат повторно за што се трошат непотребни средства и работна рака.