Комуналците го светнаа градов по Пиво фест

 

 

Над 100 метри кубни разноразени отпдоци депонираа комуналците само од централното градско подрачје каде се случува невидената фешта, но и невидена борба со отпадоците градот да биде исчистен и уреден.

 

По Пиво фестот, остануваат амбалажите од пиво, пластични чаши, хартија, картон и отпушоци на секој чекор.

Пиво фестот за за комуналците е веќе разработена и добро проучена шема. Најнапред во 3 часот наутро излегува одделот за селекција на отпад каде собираат се што може да се рециклира. Веднаш потоа во 4 часот одделот метачи започнуваат со метење на тротоарските, пешачките и тревнатите површини, а паралелно со нив започнува со работа и одделот за подигање на смет.

Добро екипирани, комуналците до 7 часот наутро не оставаа ни трага од вечерашниот хаос за ранобудните да не ја гледаат неубавата глетка , туку да имаат чист град со кој ќе се гордеат пред илјадниците посетители.

Така беше и утрово. Од рани зори, кога штандовите се демонтираа, комуналците горди на својата задача го оспособуваа градот за да го остават како тука ништо да не се случувало.