По силното невреме комуналците го средуваат градот

 

 

Силното невреме проследено со ветер и град направи од Прилеп од најчист, да стане град на купишта земја, мил, прашини и се она што оставија големите поплави зад себе

 

Екипите на ЈКП„Комуналец“, до доцна во ноќта се справуваа да го расчистат централното градско подрачје.

Најзагрозени се населбите Тризла, Димо Наредникот и Варош. Покрај ова големи наноси од земја и мил се чисти и мие на улиците Прилепски бранители, Александар Македонски, Мице Козар и Булеварот Гоце Делчев.

Директорот Ристески, вели дека градот ќе биде исчистен и измиен со цистерни за две недели и додава дека ова се дополнителни трошоци за јавното претпријатие, но желбата градот да го има приматот на најчист град во Македонија не ги напушта вработените.