Хортикултурно уредување на кружниот тек кај поштата

 

 

Комуналците на просторот на кружниот тек засадуваат бегонија, тагатес, портулака, украсна туја, евонимус и јуниферус.

 

Со ваквиот потег на Локалната самоуправа и ЈКП„Комуналец“, градот наликува на европските метрополи.

Инаку, идејното решение за хортикултурното уредување означува народен македонски вез и се употребени цвеќиња кои ги содржан боите на македонскиот народен вез.

Од Комуналец, велат дека со тек на годините стручноста и обуката на вработените градот секојдневно добива нов изглед.