Депонија

По дваесет години ќе престане да гори и чади депонијата Алинци, чии корисник е општината Прилеп.

     ЈКП „Комуналец“ наредниве два до три месеци, силите ќе ги насочи на санирање на депонијата, а целиот процес со управувањето на отпадот, ќе се изведува во три фази. Депонијата Алинци повеќе од дваесет години не е санирана и сите досегашни Локални самоуправи ја оставале за некои подобри времиња. Сакале или не, имале или немале пари, Јавните претпријатија во соработка со Локаните самоуправи, ќе мораат да изврашат санација и да се усогласат со современите технички стандарди или со барањата на Директивата на Европската унија за депонии.

    Почетно ќе извршиме оградување на депонијата, и асфалтирање на пристапните патеки,рамнење,тампонирање и посипување со земја и хумус. Но со ова санирање, ние нема да го решиме проблемот на депонијата,ќе мораме да одиме  понатаму на предселекција и селекција на отпад,со што би ја намалиле кубатурата на отпадот кој моментално се  депонира во Алинци.Втората фаза ќе опфати едукација на населението и поставување на специјални садови за  пластика и хартија, за почеток пред големите супер маркети,институциите и училиштата.Според план програмата во третата фаза ќе почнеме со рециклажа, па зошто не и со компостирање на отпад-Вели Златко Ристески -директор на ЈКП„Комуналец“.

    Целиот овој процес, ќе чини и време и пари,но од некаде мора да се почне.Со добро домакинско работење на фирмата и со голема дисциплина и динамично темпо на работа, сметам дека имаме сили и можности да ја затвориме целосната финасиска конструкција.
    На депонијата работи тешка механизација, која за прв пат е во сопстевност на ЈКП ,,Комуналец,, што ке рече не е изнајмена.Досега неможевеме да сториме ништо околу депонијата,зашто  немавме доволно трактори,а камо ли тешка  механизација.Размислувавме минатата година да изнајмиме,но тоа ќе не чинеше скапо, со оглед на  цената  на машините кои за изнајмување, наплатуваат  до 5000 ден. од  еден работен час. Сега со новиот возен парк ќе можеме редовно да ја одржуваме депонијата,а воедно по  нејзината санација, да ги исчистиме сите диви депонии во и околу градов- додава Ристески

    Но, ова е само мал придонес во целкупните барања и директивата која ни ја бараат од ЕУ. Заради малите буџети со кои располагаат општините, државата ке мора да најде сили и средства, постепено да го решава овој проблем и да им помага на општините. Ние како Комунално претпријатие веќе склучивме договор со Комуна од Скопје за партнерска соработа за собирање и рециклажа на хартија. Изготвен е комплетниот план за собирање на хартија,веднаш потоа и со пластика. Веќе се работи на дизајнот на садовите за собирање на хартија, кои ќе имаат своја порака ,а ќе бидат бојадисани во плава боја ,која е одредена со Националната стратегија за управување со отпад. Воедно работиме и на планот на транспортните возила,како и тимот за собирање, пресделекција и селекција на хартијата. Впрочем со измените во Законската регулативе и донесувањето на Националната стратегија за управување со отпад ,се поставени правилата на игра.Од нас сите зависи, дали ќе ги почитуваме Законите ,дали ќе ја разбудиме свеста, дали  ќе профункционира совеста ,или ќе бараме скогаш изговор во полтиката. Јас одамна апелирам дека во се може да постои политика , но со отпадот,со чистотата на градовите ,со здравата животна средина, а пред се со здравјето на граганите ,нетреба да политизираме ,туку да ги засукаме ракавите и да работиме.Индустрискиот неопасен отпад се собира,главно,заедно со комуналниот отпад.Генерално, создавачите на опасен отпад не го селектираат нивниот индустриски отпад,туку ги мешаат различните типиви на опасени отпадоци со другите,неопасни отпадоци. Ако се врши одредена селекција,тогаш тоа се води генерално,според побарувачката на пазарот, т.е. се сепарираат само оние типови опасен отпад што можат да се продадат - вели Ристески.
    Донесена  е Нациналната стратегија за управување со отпад по словенскиот модел и измените во Законската регулатива. Комуналните претпријатија од Македонија ке мораат да фатат чекор со времето и  да ги санираат почетно депониите .Следен чекор ќе биде спроведување на  Националната стратегија за управување со отпад,која предвидува 5-6 регионални депонии, кои пак ,на подолг рок ќе повлечат големи капитални инвестиции. Измените во Законската регулатива пак, овозможуваат Приватно партнерство,кое ќе донесе поефектно менаџирање,каде повеќе приватни концесионери ќе учествуваат компетитивно и конкурентно во чистотата на градовите. Но, што и да се стори ,сега за сега постои одсуство на едуцираност на населението.Одсуствува национална стратегија за информирање заради подигање на свеста на јавноста за проблемите со отпадот. Цврстиот отпад,со растот на стандардот и секојдневниот подем во градежништвото претставува дополнителен проблем и создавање на нови диви депонии.Граганите и бизнисмените не ги консултираат комуналните инспектори ,ниту пак комуналните претпријатија ,со цел да се изнајде начин ,каде и со што да се транспортира градежниот шут или ископната земја.Во трка по профит,се изнесува цвртсиот отпад со несоодветни транспортни средства или пак истите се претовараат,па се загадуваат градските улици. Сето ова создава една некоординирана слика,па ред е комуналните општински инспектори да превземат поригорозно мерки кои им ги дозволува Законот..

    Инаку во Македонија моментално има 55 активни депонии, кои се карактеризираат според проценката на нивниот ризик. 16 од нив се со висок ризик,19 со низок ,16 се со среден ризик, а 4 се карактеризират како посебни случаи со висок ризик и веднаш треба да се затвораат. Покрај одредените локации за градежен шут кои ги одредиле општините,во Мкадонија има над 1000 диви депонии,кои ќе мора да ги снема,ако ја сакаме толку посакуваната ЕУ,а за кои ќе се потрошат огромни пари. Досега барем сите полтичари се изјасниа за брз влез во ЕУ,од никого не слушнавме од каде ќе најдеме пари за да се справиме со сиот отпад,кој си го направивме и правиме самите ние.