Сечење проблематични дрвја
Во влажно  време, а заради нестрпливоста на одредени граѓани кои живета на улицата Ленин прилепски Комуналец започна да ги сече проблематичните тополи. Граѓаните извесен период, вршеле притисок врз Комуналец што побрзо да се исечат тополите, зашто  сметале дека претставувале опасност за нивните имоти и животи.

    Со изнајмување на работници, комуналците  започнаа да ги сечат 35 метараските тополи. Од Комуналец велат дека за вакви специфични високи дрвја ниту имаат механизација, ниту пак стручен кадар. На Јавниот повик за изнајмување на дигалка за сечење на  тополи со специфичен раст се пријавила само една фирма со дигалка од мала метража, која ни од далеку не ги задоволувала потребите за сечење на тополите. Со цел да го реши овој проблем, Комуналец изнајми работници.

    Грагните  засадуваат тополи на меги или на Јавно прометни побршини во близина на нивните имоти со цел кога ке израстат истите да ги исечат и ги искористат за грага. Но кога ке увидат дека сечењето ги  чини поскапо од материјалната добивка, тие се откажуваат од наводниот имот и се повикуваат на надлежностите на општината
                      
    Од Комуналец апелираат до граѓаните да не засадуваат тополи во градот, кои кога истите ќе израстат граѓаните се прогласуваат за ненадлежни, а проблемот за сечење го префрлаат кај Комуналците.