Отворен новиот парковски и спортско рекреативен простор во Типската населба

 

 

Вкупната урбанизирана површина е 4460 м2, од кои 530 м2 опфака црквата.

 

За празникот СВ„Елена и Костадин“, Локалната самоуправа и ЈКП„Комуналец“, го пуштија во употреба паркот во типската населба кој опфаќа и спортско рекреативни терени и новоизградената црква која е посветена на Светителите Елена и Костадин.

Парковска површина е на 3930 м2, каде има 18 паркинг места, 600 м2 тротоари и патеки со бехатони детско игралиште.

Дополнително е направено ново осветлување со 17 канделабри и ископан е бунар за технолошка вода. Освен ова, на истата површина се изградени и два спортски терени, од кој, теренот за мал фудбал е целосно реконструиран и спортски терен за кошарка.

Директорот Златко Ристески, најавува, дека, во рамките на финасиските можности овој парк дополнително ќе биде оплеменет и со водени површини.