Хрватски „Техникс“ им ја испорача Линијата за селекција на а отпад на комуналците

 

 

Линијата за селекција на отпад во вредност од 14 милиони 690 денари пристигна на Терминалот.

 

По спроведените царински постапки, линијата во своја сопственост ја  прими Јавното комунално претпријатие „Комуналец“

Директорот Златко Ристески, вели, дека иако не е изградена халата за која сеуште се чека градежната дозвола, сепак, според договорот кој се  потпиша мината година со хрватската фирма „Техникс“ линијата е испорачана според договорот.

„Доколу доцниме со изградбата на халата, за почеток, дел од линијата ќе биде инсталирана во кругот на одделот за селкција на отпад, за да се искористи времето и линијата да биде во функција, а наесен ќе ја монтираме целосната линија во халата која ќе се гради веднаш до  постоечката депонија Алинци“ изјави Ристески.

Моментално, со мануелна селекција комуналците селектираат 70 тони хартија месечно, 10 до 14 тони пластика, најлон околу  4 тони и други рециклирачки материјали кои се тонгирани и за кои комуналците бараат поволен пласман.

Со линијата за селекција на отпад Комуналец планира годинава да ја зголеми селекцијата за 30 %, а догодина очекуваат селектираниот материјал да се зголеми за двојно.

По Линијата за селекција на отпад според Планот за работа, комуналците, за 2014 година планираат да набават и компостара која исто ќе работи во склоп на депонијата Алинци.