Комуналец ги чисти сите излези и влезови во градов

 

 

Иако, комуналците се грижат за беспрекорно одржување на чистотата во градов и околината и понатаму има несовесни граѓани кои исфрлаќи го отпадот на недозволени места создаваат диви депонии

 

Комуналците, деновиве  се во акција за расчистување на сите диви депонии, но покрај ова темелно чистат и покрај коловозните ленти.

Веднаш после ова ќе се пристапи и кон косење на излезите и покрај коловозните ленти.

„Ова не е обврска на комуналното претпријатие“ вели  директорот Златко Ристески и додава дека како општествено одговорна фирма се грижат за зачувување на околината и создавање на услови за чиста животна средина.

Оваа практика комуналците ја спроведуваат неколку години, а ќе продолжат и во иднина.