Пролетно кастрење на дрвјата

 

 

Комуналците по пролетното кастрење на дрвјата и сечењето на проблематичните дрвја, деновиве работат на фино кроење на дервјата по дрворедите и парковите

 

Прилеп е еден од ретките градови во државава каде се зачувани дрворедите и се води посебна грижа за зачувување на дрвјата со редовно кроење, а по потреба и во зависност од староста и видот на дрвјата и со ниско кастрење до стебло, кое, комуналците го практикуваат изминативе години.

Покрај естетскиот изглед на дрвјата со кроењето се добива и поголема прегледност по сообрајќајниците, а посебно се води  грижа за прегледноста  на сообрајќајната сигнализација.