Населба Рид

 

 

Населбата Рид со нов асфалт и поплочени тротоари

 

Во присуство на Градоначалникот Ристески, директорите на јавните претпријатија „Водовод и канализација“ и „Комуналец“, денес жителите од УЗ „Рид“ го поздравија  асфалтирањето на улиците: „Мирче Ацев“, „Селечка“, „Кајмакчелан“, „Бошко Буха“, „Радика“, „Златоврв“ и улицата „Ѓорѓи Димитров“ каде освен асфалтна база, комплетно е реконструирана водоводната и канализационата мрежа.

На површина од 2.000 метри квадратни, оваа патна инфраструктира чинеше 7.500 000 денари средства обезбедени од општина Прилеп и ЈКП „Водовод и канализација“.

Улиците „„Мирче Ацев“, „Селечка“, и „Бошко Буха“ добија и бехатон тротоари на површина од 3.000 метри кавдратни со вкупна инвестиција од 1.500.000 денари средства обезбедени од Локалната самоуправа и ЈКП,,Комуналец,,.

Општина Прилеп и јавните претпријатија и понатаму ќе продолжат во реализација на подобрување на патната инфраструктура како во градот така и во населените места.