Училиштата собраа 2.500 килограми рециклирачка хартија

 

 

По повод Денот на планетата Земја учениците од графичката струка од СОУ„Ристе Ристески – Ричко“, организираа акција за рециклирање на хартија под мотото „Рецилкирам, значи постојам“.

 

Акцијата беше прифатена и подржана од Локалната самоуправа и ЈКП„Комуналец“, при што, одделот за селкција на отпад се стави ви функција на учениците.

За 5 дена колку што траеше акцијата собрани беа 2.500 кг рециклирачка хартија. За поздравување е што дечињата успеја да убедат одредени фирми дека треба да го селктираат отпадот и дека тоа е нивна законска обврска.

ЈКП“Комуналец“ и Индустриското училиште се обврзаа оваа акција да стане традиционална и да се одржува секоја година.