Првото пролетно косење при крај

 

 

Комуналец годинава со зголемен обем на работа. Само  паркот во Точила ја зголеми работата со одржување на 27 илјади метри квадратни со косење и вадење.

 

Во Точила  веќе се уредени и искосени сите зелени површини, како и на Могилата, Петта Прилепска, парковите во центарот на градот и населбата Димо Наредникот.

Останува деновиве да се искоси и населбата Бончејца, а во тек е косењето и на Градската река. Со оглед на обилните дождови и поплавувањето на градското корито тревата на некои места е прерастена што им создава дополнителен проблем на комуналците.

Но, од таму велат дека викендов и градската река ќе биде комплетно уредена.

Покрај ова е зголемен обемот на работа и на Старите и Новите градски гробишта каде се брза првото пролетно косење да заврши до Велигденските празници.

Од Комуналец, велат дека иако годинава се со зголемен обем на работа по однос на одржување на парковите и јавно прометните површини, граѓаните да очекуваат дека Прилеп и понатаму ќе го држи приматот најачист и најуреден град. Воедно , апелираат до граѓаните да им помагаат во сите овие заложби и да ги користат корпите за отпадоци кои се поставени насекаде низ градов.