Околу 60 тони рециклирачка хартија заминува за Турција

 

 

ЈКП„Комуналец“, веќе втора пратка на рециклирачка хартија извезува во Турција.

 

Од неодамна со турска компанија  беше потпишан договор за извоз на стара хартија за преработка.

Во Прилеп, скоро половина од населението го селектира отпадот. Се очекува со куќната селекција годинава процентот на селекторан отпад  да се зголеми двојно.

Инаку, Прилеп е единствен град во  Македонија каде по Јавно прометните површини и станбените блокови се поставени 950 контејнери за селекција со инвестиција од 15 милиони денари, а во домаќинствата се распределени 11 илјади корпи за отпадоци со инвестиција од 11 милиони и 460 илјади денари.