Започна кроењето на дрвјата

 

 

Деновиве, Комуналец работи на кастрење на дрвата на улицата „Васко Карангелески“.

 

Таму се врши поголемо кастрење со цел да се создаде поголема сигурност како за населенито и нивните имиоти така и за безбедност во сообраќајот. На улицата васко Карангелески дел од дрвјата се сечат до трупец заради нивната старост, дел се кастрат, а само мал дел се отсрануваат по проценка на ризик.

Граѓаните и овојпат поделени во мислењата. Некои ја одобруваат акцијата, а мал дел и негодуваат.

Од Комуналец велат дека ваквото кастрење е извршено скоро на сите дрвореди низ градов и се покажало како успешно, и додаваат дека уште пред години се соочиле со критика за подоцна да се испостави дека само со ваквото кастрење може да се продолжи животниот век на дрвјата но и да се добие правилен развој на крошната. Воедно ги информираат дека тие не превземаат ништо на своја рака, туку со налог од Локалната самоуправа во која е оформена комисија за проценка на дрвјата и која ја сочиниваат искусни стручни лица.

Покрај ова комуналците и годинава со налог од комисијата ке вршат кастрење на дрвјата во зградите кај зоолошката градина по барање на станарите од населбата. А, ќе се сечат и повеќе дрвја низ населбите за кои комисијата проценила дека се од висок ризик.