Во Прилеп ќе се гради Фабрика за селекција на отпад

 

 

До крајот на годинава на простор од 6000 m2 кај старата депонија во Алинци, ќе се гради халата за селкција на отпад за чија изведба во тек е Јавната набавка

 

ЈКП „Комуналец“ е прва и единствена фирма во Македонија која започна со примарна селекција на отпад од Јавно прометните површини и домакинствата за што претпријатието вложи над 500 илјади евра за комунална инфраструктур што е предуслов да се започне вториот проект –с екундарната селекција на отпад. Тендерот е завршен, избрана е фирмата Техникс од Хрватска чија вредност е 14. 695.500,00 денари

До крајот на годинава на простор од 6000 m2 кај старата депонија во Алинци, ќе се гради халата за селкција на отпад за чија изведба во тек е Јавната набавка. Халата ќе биде изградена на површина од 1.200 квадратни метри и ке чини околи 15 милиони денари.

Линијата која ќе се инсталира има капацитет од 150 тони за 24 часа, а во моментов од Прилеп се собираат околу 90 до 100 тони отпад дневно. Остатокот ќе се надополнува со реселкција на отпад од старата депонија. Се планира за 3-4 години да се исчисти и практично да не постои старата депонија.

По завршување на оваа инвестиција, треба да отпочне и изградбата на компостарата за биоразградлив отпад од што ќе се произведува арско ѓубре. Воедно, на истата локација ќе никнат и повеќе содржини како одгледување на ран зеленчук и цвеќарство , а ќе се користи енергијата од се што неможе да се рециклира. По ова предвидено е да се гради фабрика од помал обем за рециклирање на хартија и фабрика за рециклирање на отпад од градежни материјали, каде се планира да се прават разноразни преработки од овој градежен рециклирачки материјал.

Моментално ЈКП„Комуналец“ работи на сопствен проект за изградба на депонија од помал обем доколку се случи да не профункционира Регионална депонија за брзо време. Истата е со површинско депонирање и со капацитет предвиден за остатокот од нерециклирачки отпад, ако се знае, дека, годишно во Прилеп вкупниот депониран отпад е 30 илјади тони.

Со вака поставениот модел на управување со отпад, Прилеп ќе депонира само 15 до 20 % отпад. На овој начин ќе се решава проблемот со дивата депонија, која со децении беше потенцијален извор на зараза. Последниве години со имплементација на примарната селекција, обемот на депонијата е намален речиси за 40%.