ЈКП„Комуналец“ и „Дени мебел“ потпишаа Меморандум за соработка

 

 

Дени мебел, како општествено одговорна компанија на своја иницијатива се понуди да ги обезбедува сите годишни потреби од храна, сместување и ветеринарска нега за двете пони коњчиња сместени во Паркот на револуцијата.

 

Меморандумот за соработка помеѓу двете фирми го потпишаа директорот на ЈКП„Комуналец“, Златко Ристески и сопственикот на Дени Мебел, Тони Златески. Ова е еден добар пример кој е поттик и за другите фирми да се грижат за општите добра и да донираат  за доброто на сите граѓани.

-,,Од секогаш сум ги обожувал коњите, посебно сул љубител на пони коњчињата. Оттука потекнува и идејата да помогнам и да превземам дел од обврските кои ги има комуналното претпријатие за одгледување и зголемување на капацитетот на Рајската градина,,- рече на пресот Тони Златески  и додаде,  дека, добар пример е золошката градина од Скопје каде поголемите компании како Т- Мобиле, ОНЕ  и останатите се грижат за исхраната и за негување  на животните.

Златко Ристески, изрази голема благодарност до г- динот Тони Златески  за неговата општествена одговорност спрема општите добра кои ги уживаат жителите на Прилеп.

-,,Со ваквите донации и ние како  комунално претпријатие  ќе имаме можност да ги зголемуваме  содржините на Могилата,  во кои, уживаат сите граѓани, а посебно најмладите,,-рече Ристески и  очекува во иднина и други фирми да се јават и донираат во рекреативно- забавните содржини кои се потреба на градот и граѓаните.

Инаку, покрај разновидните  егзотични птици и двете пони коњчиња од неодамна на Могилата граѓаните можат да уживаат и во друштво на еленчето. Од Локалната самоуправа и Комуналец најавуваат за пролетва и зголемување на капацитетите со нови видови животни и разни сорти на птици.