Привршувањето на градежните работи на Капелата

 

 

Градоначалникот Марјан Ристески, на терен ја согледува работата околу привршувањето на градежните работи на Капелата

 

На Капелата, во Новите градски гробишта моментално се работи на глетовање на зидовите и изведување на надворешното плато со бехатон плочки и хортикултурно уредување.

Граночалникот Марјан Ристески, беше на терен да ја согледа работата на фирмата изведувач на Капелата. Тој рече дека ваквите објекти се потреба на секој град и дека се прават сите напори од Локалната самоуправа и Комуналец, Капелата да профункционира пролетва.

Завршена е постапката за набавка на внатрешниот неопходен ентериер, чија вредност само за морталната касетна комора со три режими изнесува 1.200.000,оо денари.

Капелата е на површина од 1400м2 и ке биде една од најопремените и најпространите во државава. Досега во Капелата се вложени над 14.000.000.оо денари. Вкупната вредност на објектот е 19.643.800,оо денари и доколку се обезбедат средства би требало пролетва да се стави во функција.