Два нови парка во Мало коњари

 

 

Два нови парка гради ЈКП„Комуналец“ во Мало коњари.

 

Едниот е веќе комплетно завршен и е изграден во кругот на ОУ“Страшо Пинџур’. Инвеститори се Локалната самоуправа и Комуналец, а вкупната инвестиција е 20 милиони денари.

Се работи и на вториот парк со површина од 600 м2. Паркот ќе опфати бехатон патеки од 300 м2, детско игралиште, урбана опрема и тревнати површини. Вкупната инвестиција е 600 илјади денари.

Директорот Златко Ристески, вели дека се вложува во сите населени места подеднакво и дека коњарци заслужуваат да имаат место каде дечињата ќе го поминат времето во игра и забава, а повозрасните ќе имаат катче каде ќе можат да здивнат од напорната работа.

Досега Комуналец има изградено 46 маалски паркови во градов и во населените места.