Градоначалникот Ристески на терен со комуналците

 

 

Градоначалникот Марјан Ристески, Во Точила, ги посети комунлците кои го завршуваат уредувањето на паркот со површина од 28 илјади метри квадратни.

 

Паркот е со најразноразни содржини: детски игралишта, терен за кошарка, мал фудбал и одбојка, езерце, клупи за одмор, корпи за одпадоци, бехатон патеки и хортикултурно уредување.

Овoj парк е еден од најголемите паркови по површина во државава.