Се проширува капацитетот за мини золошка градина на Могилата

 

 

Во Паркот на револуцијата во Прилеп, беа поставени камен темелите за проширување на новиот дел од „Рајската градина“.

 

Според градоначалникот Марјан Ристески, градината ќе се проширува со уште 10-ина кафези, ќе има и питоми животни и ќе стане мини золошка градина.

Отворената „Рајска градина“, како што објаснува Горан Илиоски, претседател на здружението за ретки птици „Трагопан”   всушност e реализација на проектот „Ден на идеите” што го спроведува општината.

Покрај ова, посетителите можат да ги видат и двете пони коњчиња и срнчето.

На Могилата , моментално има  10-ина кафези со ретки егзотични птици меѓу кои се албино пауни, дијамантски и златни фазани, јапонски кокошки, брама – кокошки, папагали.

„Рајската градина“, освен атракција е и место за едукација на учениците.