Градоначалникот Марјан Ристески го означи почетокот на изградбата на парк во Бончејца.

 

 

На површина од околу 5.000 м2 се гради  новиот парк во Урбаната заедница „Бончејца“.

 

Во првиот дел се предвидени три игралишта, од кои, две постојни игралишта за кошарка и едно ново предвидено за одбојка на песок. Во средишниот дел од просторот ќе биде сместено оградено детско игралиште. Во третиот дел е предвидена површина за одмор со дрвени настрешници и клупи, како и водени површини.

Паркот ќе опфати и пешачки патеки, хортикуларно уредени површини, клупи за одмор и детски реквизити за забава на најмалите.

Градоначалникот Марјан Ристески, посочи дека, со изградбата на новиот парк, во Бончејца и пошироко ќе им се овозможи дружење и забава, како на најмладите така и на постарите.

Директорот на ЈКП „Комуналец“, Златко Ристески ја истакна потребата на населението од урбанизирање на сите слободни површини, со цел, на граѓаните да им се обезбедат пријатни места за одмор и забава.