Отворен третиот парк во Димо Наредникот

 

 

На свечен начин, во присуство на станарите и локалното население, пуштен е во употреба паркот во Населбата Димо Наредникот.

 

Паркот е со површина од 3.350 метри квадратни, во кој е изградено детско игралиште на површина од 350 м2. Зелените површини се на 1100 м2, со 1150 м2 квадратни бехатон патеки.

За потребите на населбаата изградено е второто спортско игралиште за кошарка, а поставена е и урбана опрема клупи и корпи за отпадоци.

Воедно, е поставена и водоводна мрежа за полевање со технолошка вода и поставено ново осветлување. Инвестицијата е 1 милион и 500 илјади денари, средства обезбедени од Локалната самоуправа и ЈКП„Комуналец“.