Се уредуваат станбените бокови пред и под касарните

 

 

Започнаа градежните работи за уредување на слободните површини во населбата под касарна.

 

Со цел да се облагороди просторот, но и жителите од оваа населба да имаат место за одмор и релаксација ќе се изведуваат пешачки патеки, зелени површини, хортикултурно уредување и поставување на урбана опрема. Со оглед на нерамниот терен, на места ќе се поставуваат и потпорни зидови.

Во станбената населба пред касарни започнато е со поставување на тротоарските површини со бехатон плочки. За потребите на населбата ќе се изгради  детски парк за најмаладите, а планирано е поставување и  на урбана  опрема. Во двата станбени блока ископани се бунари за технолошка вода и поставена е водоводната мрежа за полевање.

Изведувач на парковските површини е ЈКП„Комуналец“, а инвеститор е Локалната самоуправа. Градежните работи ќе се одвиваат етапно во 2013 година.