За Прилеп
    Галеријата со 66 икони со својата поставка ја создава исконската љубов кон христијанството, каде се гради личната духовност и се чувствува уметноста преку создателите, низ вековите, за да се доизгради чувството, на нешто, на што не сме му дораснале, а сакаме да го видиме и почитуваме. Воодушевува Фреската на Архангел Гаврил од втората половина на 12 век. Експонатот Де Исизин чин, претставува ремек дело во поствизантиското сликарство. Ерусалим ПлаШтеницата и иконите ни ја откриваат визијата за светот, за првите денови на создавањето, за вечната борба помегу духовното и материјалното. Во галеријата за икони се чува и Архиепископската одежда на Господин Господин Ангелари.

    Грчката црква, црквата СВ„Свети Кирил и Методи“ и црквата Св„Благовештение“, или позната кај населението како Стара Црква, претставуваат вистински сведоштва за духовното кое се создавало низ вековите. Црквата СВ„БлаговеШтение“ го има најрепрезентативниот иконостас на овоие простори. Овој храм ја чува и божјата порака, милоста и мироста подарена на добронамерникот.

    Сведоштвен историски објект во центарот на градот е Участакот од Нараодноослободителната борба, а значаен датум за Македонскиот народ е 11 Октомври 1941 год. кога е испукан првиот куршум против фашистичката окупација, токму од Прилеп. Затоа, овој град го носи и епитетот „Град Херој“. Од овој историски период, во чест на  загинатите ослободители е изградена Алејата на народните херои и Спомен паркот на револуцијата - Могила на Непобедените. Токму овој простор добива нова димензија со неговата ревитализација и изградбата на спортски, забавни и рекреативни терени. Од поновата историја на македонскиот народ и пресната незлечива прилепска рана е загинувањето на 10 мината прилепски војници на Карпалак. Во нивна чест подигната е спомен плоча и обележје во централниот дел на градот.

    Прилепската природна убавина, дивината, непознатото, височините, реткостите и предизвикот, одсекогаш за човекот претставувале интерес и желба да ја спознае и совлада, да ги задоволи своите интереси уживаќи во неа. Најживописниот прилепскиот крај, областа Мариово е специфичен и афтентичен и би рекле единствен по голем број карактеристики, а посебно по својата конфигурација. Ова е идеално парче земја каде има можност да се произведува здрава и квалитетна храна. Природниот пчелин планиски мед е одлика на мариовскиот крај, додека биеното овчо сирење може да биде и светски Бренд, зашто Мариово ги има сите предуслови за развој на сточарството. Областа има и иделани услови за развој на селскиот туризам. Токму тука, се насочени силите на општината да се изгради познатото Финско село, со странска инвестиција, во селото Манастир, со ревитализација на инспирирачките стари градби, со хотелски комплеки, викенд куќи, спортски и рекреативни терени за развој на туризмот, ловот и риболовот. Мариовското старо организирано домаќинство е инспирација за секој посетител, за уживателите на старите градби, за уметниците и сите кои обожуваат да го почувствуваат сјајот и бедата на некогашното мариовско живеење. Штавица по „Пред дождот“ и „Прашина“ од Милчо Манчевски ја живее својата филмска слава, а Кањонот Чебрен, чека на инвестиција за изградба на хидроцентрала. Овде, имате впечаток дека одамна како да запрело времето, се е на своето место и ништо не се менува, единствено тече богата со флора и фауна Црна Река.

     Да се престојува во Прилеп значи да се посети Библиска Македонија, каде на неколку чекори од градот, а од другата страта Мариово е познатата населба Стибера од чија утроба се откорна Херкуланката од 3-тот век.

    Ако пртепочитате духовно возвишение, ако сакате култура, уменост и традиција за да ве воздигнат, ако посакувте вистински одмор, ако уживате во авантурата, ако имате предиспозиции за инвестирање во област каде природата вистински дарила неисцрпни ресурси, дојдете во Прилеп. Уживањето е со кафе муабет во прилепската стара чаршија, во луксузните хотели или традиционалните  македонски ресторани, има уште што не ви раскажавме.

Само Ви отворивме  дел  од богатата традициоанлна прилепска касела, од која излегува пркосот, низ и за времето.

Оној творец од почетокот на приказнава сеуште создава, но сега и инвестира и модернизира ... и  иновира, за времето.

Каде сонцето вистински свети поинаку. Таму е Македонија, ова е Прилеп.