За Прилеп
    Градот се менува, потребите и навиките се менуваат. Овој град под Кулите личи на едно големо градилиште. Се инвестира и гради во сите сфери за човековите потреби. Се внимава на семејството, се создаваат млади  и психофизички здрави поколенија и се произведува и користи чиста еколошка храна. Се инвестира и во образованието и во знаењето на идните стручни кадри кои ќе бидат двигатели во развојот и економијата. Високобразовната институција Економскиот факулетет  продуцира млади и високоинтелектуални стручни кадри. Со Економската наука и духот кој го носи прилепчанецот во себе, градот има најголем број  млади,стручни, и полни со план и искуство, менаџери.

    Во овој добро организиран град се води грижа за здравјето на населението, се развива здравстевениот систем и се вложува и модернизираат приватните клиники, болници и амбуланти. Посебен акцент се става на чистота и хигиената во градот.

    Спортот и спортските активности се двигатели на победата и желбата да се постигне и триумфира. Фудбалскиот, ракометниот и одбојкарскиот клуб ги нижат државните победи ,но успесите се видливи и на светско ниво во поединечните спортови.

    Уметноста и творештвото можете да ја погледнете во галериите и да уживате во сите бои и  стилови. Преку уметничката рака да го спознаете некогашниот макотрпен начин на живот. Градот е домаќин на светски познати уметници на Ликовната колонија и Симпозиумот во мермер. Уметноста во Прилеп се изразува и преку добро организираниот и професионален театар. Актерите преку нивното инвентивно својство, слободната игра на човековите творечки сили, го потврдуваат своето специфично актерско знаење во Центарот за култура ,,Марко Цепенков,, на Фетсивалот на театарот, Театарските игри ,,Војдан Чернодриснки,, кои се своевиден празник. Овде се ужива и во илјадниците музички содржини, со сериозен карактер, рок и поп концерти, современи танцови балетски претстави, се дочекува најлудата ноќ на плоштад за да се почувствува сјајот на славењето. Да се присуствува или учествува во разбеснатата дива ордија на Карневал, за да се видат и научат паганските маскирања и обичаите. Со звуците на кавалот, гајдата и тапанот, градот е домаќин на Фестивалот на народни песни и ора ,,Пеце Атанасоски,, и Мариовско Мегленските средби.

    Во галерите, а понекаде и во домовите се чува секое парче, секој предмет, секој инструмент, низ кој се создала и раскажува приказната на испреплетената нишка на генрации и генерации. Се ужива и во везот и инспирацијата создавана од митови легенди и приказни.    


    Од сакој агол демне некое скриено богатство.Од подземните ископини на Нациоанлната Установа ,,Завод и музеј,, во Институтот за Старословенска култура, и Музејот за тутун. Овој единствен ваков музеј на Балканот,а еден од петте во светот, е  со поставка од 2.556 експонати, од кои, дел биле сопственост на светски познати јавни личности. Музејот ги поседува чибукот на  рускиот цар Николај Романов, и лулето на надвојводката Ана Хабсбург,табакери и бурмутници на турски паШи и бегови,на познати европски личности,со дијамнти,сафари И скапоцениот филигран. Сопстевник е и на околу 600 каШирани фотографии и оргинални графики .Голем број од експонатите претставуваат светски раритет и создават чувство на почит  и покорност кај посетителот. Како  поинаку да се сфати  актот на пуШењето од предимензионираната лула,чие лежиШте тежи до два и повеЌе килограми,со камиШ од метар и половина за да може да се пуШи од удобна фотелја.