За Прилеп
    Во Прилеп, можете да уживате и во играта на водата која блика на секој чекор. Не случајно, Прилеп е наречен и град на фонтаните. Во приквечерието, во летните денови, кога сонцето заоѓа, облаците се разидуваат, а небото заруменуваа, парковите каде што се сместени фонтаните им служат на прилепчани за разладување,релаксација и одмор. Играта на водата, светлината на сонцето, безбројте разноразни светилки навечер на градот му даваат посебна убавина. Често, на овие места се забележуваат и уметниците, со своите штафелаи каде понесени од жуборот на водата и глетката, ги создаваат своите креативни дела.

    Градот се снабдува со вода од Регионалниот водовод Студенчица. За оваа капитална инвестиција се вели дека е една од ретките во Европа. Човечката рака, за да скроти еден немир, еден дарежлив извор, натрупала железо, чакал и бетон. Преку ридови и долови, рацете градителски во една вразале 72  километри цевки, за градот да добие квалитена и чиста вода. Изградени се  и филтерна станица и неколку градски бунари за недостаток.

    Во градот и околу него има многу чешми и извори со чиста и питка вода. Посебно интересен предел во Прилеп каде може да се ужива во природните убавини е пределот на Вештачкото езеро. Она што не можела да го создаде природата го направила човечката рака. Оваа хидроакумулација им служи на граѓаните за разладување, риболов и наводнување. Природните убавини околу езерото и неколкуте потоци и извори, го фасцинираат посетителот. Во таа чудесна природна симфонија се испреплетени, мирисите и боите, кои создаваат необично уживање и насладување во недогледните пејсажи. Овде, секогаш барате уште повеќе, трагаќи, дека таму некаде е уште поинспиративно.

    А, таму кај езерото и  на сите старни околу Прилеп се белеат цели планини и ридови. Прилеп е уште попознат како град кој лежи на мермер или град каде се ископува и преработува светски познатиот снежно бел мермер, гранит и оникс. Прилепското поле пак, е мека за  производството на тутун. Во недогледните прилепски полина се засадува, наквалитетното жолто злато од марката „Прилеп“. Од преплавените со тутун прилепски полиња, се чувствува мирисот на ориенталниот тутун. Жолтото злато се преработува во гигантот - Тутунскиот Комбинат, и високо котира со својот квалитет и цена на светските берзи. Единствена инстутуција која се занимава со науката за тутунот на Балканот е Институтот за тутун.

    Технолошки најмодернизираната, Прехранбената индустрија ,,Витаминка“  е ориентирана на производство на прехранбени, кондиторски и конзервирани висококвалитени производи.Ова фабрика секојдневно создава нови Брендови на производи и е еден од капацитете, кој вложува во развојот на технолошките процеси. По последниот Крал, Крали Марко е наречено и најбараното пиво Крали Марко, кое се произведува во Прилепската пиварница. Оваа високотехнолошка фабрика произведува и друг вид на алкохолни и безалкохолни пијалаци. Се инвестира и во другите стопански гранки-дрвната, металопреработувачката, текстилната. Покрај големите капацитете, нов тренд е инвестиција во мали и средни претпријатија, како и семејни бизниси. Заради квалитетот на почвата на пелагониската Котлина и благата клима се произведуваат и сите житни култури, раноградинарски и зрнести производи. Силите на општината  се насочени  приоритет да се даде на странските инвестиции. Освен што се плаќаат најниски даноци на светско ниво во Македонија, општината дава и други приоритети за странски и домашни вложувања. Во Прилеп, секој инвеститор кој ќе посака да гради  во зависност од вработувањата кој ќе ги предвиди, не плаќа комунални такси за градба. Градот со транзиционите процеси има и голем број затворени капацитети. Невработеноста, создава наслението да нуди ефтина работна рака. Стратешкиот план на заедницата е Прилеп со реални можности да стане светски развиен центар, заради можноста за  инвестиција во различните стопански гранки,каде природата дарила,а човековата рака треба да го земе од неа и преработи.