За Прилеп
    Вгнезден во карпите тивок и молчелив Манастирот Свети Архангел Михаил од 12 век, плени со неговата водоушеевувачка грдба. До него водат посебно направени камени туристички патеки. Овој манастир претставува духовен центар и светска туристичка атракција. Световната вода која извира од самите темели во манастирот, ја поткрева духовноста кај посетителот. На левата и десната страна од влезната врата на  црквата се два насликани ликови, познати владетели на Македонија, кралот Волкашин и неговиот наследник и легендарен јунак посебно за прилепчани Крал Марко. Оваа извонредна архитектура, која е долговечна и корисна и убава, по своето настанување со својата судбина, всушност е една голема тајна драма. А, драмата на овој простор продолжува со 77-седумте цркви во населбата Варош, над чии куќи, без никаво предупредување се издигнуваат колосалните застрашувачки карпи. Впрочем, за Варош се говори дека секое семјстсво, имало сопствена црва. Се што гледате на овој простор Ве исполнува со задоволство и набој на духовност, но воодушевувањето е кога ќе ја здогледате Црквата СВ„Никола Мирликиски“ со фрескоживопис од 11 век. и  црквите СВ„Димитрија“, „Свети Петар и Павле“, „Пресвета Богородица“ и „Света Пречиста“. Овие цркви активно им служат на христијанските верници. Останатите, целосни или делумни, се ставени под заштита како споменици на културата, со потекло од 12 до 14 век, но многу од овие цркви имаат постар датум на светост, како ранохристијанските базилики или античките храмови.

    Високо над Марковите кули, на непристапен терен под врвот Баба стражари и со векови бдее над христијанското насление Манастирот Трескавец и црквата Свето „Успение на Богородица“, а од другата страна Библискиот духовен центар „СВ Преображение“ во селото Зрзе. Ова е само дел од богатата духовна и световна култура која ја  има на просторот на Прилеп со населбата Варош и непосердната околина.
           
    Низ оваа приказна ве пренсуваме во срцето на градот, во старата чаршија, која е сконцетрирана на еден простор, каде граѓаните живет и работат, каде секој со секого се познава и секој со секого си  поприкажува, каде чаршијата има свој специфичен говор и таен киривџиски јазик. Она што е посебна одлика на градот е  зачувувањето на  духот на некогашната архитектонска градба на чаршијата под напливот на модерните градби. Некогаш, занаетите биле сконцентрирани во една уличка, па така, секоја чаршиска уличка се нарекувала: казанџиска, ковачка, златарска, самарџиска. Од овие занаети се останати уште некои, каде мајсторите на својот занает, со сета своја кретивност, внесуват многу енергија и душа.Она што ќе го забележите од сите четири страни на градот, висок и горд е градскиот саат изграден 1858 година од прилепски неимар, мајстор Петре Лауцо. Во патеписните репортажи забележано е дека нема поубава градба во  земјите на христијаните. Градската Саат кула е со висина од 38 метри, за 1 метар и 15 сантиметри искривена кон врвот од своите темели, а некои ја  споредуваат и со искривената кула во Пиза. Она што е сеуште градска одлика на прилепчани е пазарувањето на разноразни земјоделски производи од градскиот пазар, кој сеуште го има приматот, најголем на балканот. Ова води од 1857 година, кога во Прилеп, како никаде на друго место, биле организирани  големи панаѓури, на кои, доѓале трговци од сите балкански земји. Еден од впечатливите културни остатоци на минатото во Прилеп е познатиот Куршумли-ан, во центарот на градот, во кој престојувале трговците трговци. Од неговата импозантна градба денес е останат само еден зид, за немо да сведочи за некогашниот живот. Градот за свој Светец заштитник го има Свети Никола Мирликиски. За граѓаните да ја чувствуваат неговата световност и заштита на најпрометната раскрсница е изграден Параклисот на заштитникот .

    Во центарот на градот свое место заслужно со импозантни споменици во бронза имаат и Македонецот над Македонците Александар Македонски, сместен на новоизградениот плоштад „Александрија“ и првиот претседател на президиумот на Македонија - Методија Андонов - Ченто.