За Прилеп
Градот, под мистичните карпи.

    Македонија, земја во која боите си поигруваат со природата, или природата си поигрува со боите. Македонија, е земја на митологијата, од која со напластеното време низ вековите, на површина излегуваат богатите фасцинирачки природни реткости и човековата творечка традиција.

    На овие простори човекот од секогаш се стремел во своето самотворечко битие, да создава, комбинира и иновира. Тој бил творец и производ  на преобразувачката општестевена пракса во битусувањето уште пред нашата ера, потоа низ вековите, низ подоцнежните годините, часовите, минутите и секундите. Така творецот го  создавал Европскиот, Балканскиот и светски познатиот културен, историски, стопански, образовен и творечки центар, градот Прилеп. Се создавал градот каде добронамерникот,  од испреплетената нишка на минатото, сегашноста и иднината, останува без здив... Град на културата кој и дава специфичен и афтентичен белег на Библиска Македонија. Градот на непокорот, на мистиката и колоритноста, на природните реткости, градената историја и традиција низ различните култури, каде се кријат корените на Европската цивилазација. Град, кој катаден се менува, каде се се движи, се надградува, доградува, каде сонцето свети поинаку,каде водата со својот сјај се труди да го надсјае дури и сонцето.

    А, со првото утринско сонце се буди и градот. Сите тргнуват по својата работа,секој со својата мака,секој по својата среќа, секој со денот, во својот Прилеп.

    Расположен во Пелагониската котлина, помегу Марковите Кули, Зеленик, Селечка Планина и Нациоанлниот парк Пелистер. Климата во овој регион е, главно, умерено-континетална, со влијание на средоземната. Благодарение на местоположбата, Прилеп е балкански крстосник, сообраќајно патно и жлезнички добро поврзан, а на 140 километри се слетува на Скопскиот и Охридскиот аереодром.

    Најстарите откриени траги  на населност водат 6000 години п.н.е. Во историските извори Прилеп прв пат се споменува во 1014 година. Денес  во овој развиен и модерен град живеат 78 илјади жители. Она што му дава специфика, се монолитните карпи кои високо се издигнуваат  над градот, формираќи го светски познатиот Бренд во природните реткости - Марковите Кули. Таму каде што природата оставила простор, се изградени високи одбранбени бедеми кои со сите остатоци од градби и некрополи ја сочинуваат  наделеку прочуената тврдина. Кулите или градот на карпи, претставува чуден геолошки феномен на нашава планета, при што кај посетителот се јавува мешавина на стравопочит и воодоошевување. Овој Музеј на отворено е преполн со содржини со мистично значење, но и со јасни податоци за минатото постоење на цивилизацијата. Тие во себе кријат бројни мистерии опстојувањето, формите на опшесетвените заедници,за религијата, митологијата и култовите на лугето на овој простор. Ова е фасцинирачко место каде се снимаат најразноразни филмски, документарни и музички содржини. Некогашните жители потикнати од желбата да им направат што подостојни почивлишта  во вечноста, се одлучувале гробовите да ги прават на непристапни места или на карпи кои наликуваат на животни. Некрополата птица е импозантно творештво на природата. Ова култно место е преполно со некрополи, со што корените на овој простор водат и до неолитот. Градените кули од камен и малтер, претставуваат своевиден градски организиран живот, уште во дамнешно време. Се менувале владетели, а Кулите паѓале во рацете, од едни на други. Со последниот владетел, Крал Марко, фасцинирачкото ридче го носи неговото име. Овде секој камен има своја историја, секој а карпа создала и плети своја приказна, но природната реткост карпата Слон е свовиден светски феномен.