Нов парк, под Кули, во населбата Тризла

 

 

Нов маалски парк со површина од 1000 метри квадратни се гради на на улицата Београдска, под Кули.

 

Паркот ќе опфати бехатон патеки, детско игралиште, урбана опрема и тревнати површини.

Маалските паркови се покажаа како неопходност во Урабаните заедници. Граѓаните велат дека секој сака во својата близиина да има вакво катче каде слободното време го поминуваат дечињата, но и повозрасните на кои им е потребен одмор и релаксација.

Досега Комуналец има изградено 46 маалски паркови во градов и во населените места.