Ќе се уредува населбата Бончејца

 

 

Започнаа градежните работи за изградбата на парковските површини во станбениот блок од населбата Бончејца

 

Уредувањето околу зградите ќе опфати поплоочување со бехатон до влезовите и пристапните патеки, изведување на пешачки патеки, поставување на детски игралишта, клупи и корпи за отпадоци, како и хортикултурно уредување.
Практика на Комуналец  е пред да се гради парк да овозможи технолошка вода за полевање. За таа цел, ископан е бунар со издашност од 8 литри во секунда и поставена е водоводната мрежа за технолошка вода низ целата населба.

Со оглед на големината на површината, планирано е во Бончејца да се работи во текот на  целата 2013 година. Изведувач на порковските површини  е ЈКП„Комуналец“, а инвеститор е Локалната самоуправа.

Од Комуналец, велат дека, населбата Бончејца ќе се гради по теркот на населбата Димо Наредникот. И додаваат, дека, привршуваат со градежните работи во Точила каде се уредија 28 илјади метри квадратни парковски, спортски и водени површини.