Капелата ќе профункционира пролетва

 

 

На Капелата, во Новите градски гробишта моментално се работи на глетовање на зидовите и изведување на надворешното плато со бехатон плочки и хортикултурно уредување

 

Завршени се работите со одвод и довод, електрична инсталација, поставена е целосно  ПВЦ дограмата, а во завршна фаза е внатрешната фина  малтарија. По ова, веднаш ќе се пристапи кон полочување со гранит и опремување на 4–те засебни сали  со можност за изведување на 4 погребални церомонии истовремено.

Внатрешноста на објектот е градена според сите прописи и стандари за изградба на објект од ваков карактер.

Покрај ова, во Капелата се предвидени и неколку продажни простории за погребална опрема, цвеќарници и угостителски услуги.

Директорот  на ЈКП„Комуналец“, Златко Ристески, вели, дека градот има потреба од ваква услуга, а тоа го констатирал од  граѓаните кои почесто се обраќале до Комуналец, со прашање, кога ќе се стави во функција Капелата. И додава,  дека му е жал што минатата година не се заврши овој објект, со образложение, дека, во 2012 година приоритет се дало на Царинскиот терминал.

Капелата е на површина од 1400м2. и ќе биде една од најопремените и најпространите во државава.

Досега во Капелата  се вложени над 14.000.000.оо денари. Вкупната вредност на објектот е 19.643.800,оо денари и се најавува пролетва да се стави во функција.