Нова пратка корпи за селекција на отпад ќе се распределува во домаќинствата

 

 

Во магацините од  ЈКП„Комуналец“ пристигна нова пратка корпи за отпадоци.

 

Истите ќе бидат распределени кај граѓаните кои имаат потпишано договор со јавното претпријатие за користење на жолтата канта која е бесплатна и  купување на зелената канта која се отплаќа на 24 рати со запирање на сметката за ѓубре од симболични 50 денари.

Новата пратка ке биде распределена во реонот на Орта џамија и улиците Мице Козар, и сите улици кои водат до Партизанска во Тризла. Дел од пратката ќе се распредели на улицата Ленин, на потегот од ОУ„Кире Гаврилоски“ и населбата Димо Наредникот.

Иако скапа инвестиција за било кое Јавно претпријатие во Македонија, прилески Комуналец е решен до крај да  ја спроведе  примарната селекција по Јавно прометните површини со контејнерска селекција, и кај граѓаните со достававување на корпи за отпадоци.

Комуналец, за комунална опрема по јавно прометните површини инвестираше 12 милиони денари за контејнери и изградба на еколошките острови. За корпите за отпадоци  се инвестирани  над 12 милиони денари.Вкупната инвестиција за да се опфатат сите домаќинства со селекција на отпад , комуналното претпријатие  ќе го чини 24 милиони денари.

Инаку, во просек месечно се селектира околу 60 тони хартија, 12 тони пластика и околу 4 тони најлон.