Општина Прилеп со Еколошко – Хуманитарна Акција

 

 

Општина Прилеп ќе започне со реализација на голема Еколошко – Хуманитарна Акција

 

Овој викенд жителите од урбаниве заедници „Аличаир“, „Вишне“, „Ѓордере“ и урбаните заедници „Општина“ и „Центар“ може да донираат облека и обувки, стар мебел, електронски и електрични апарати во возилата на ЈКП „Комуналец“.

Акцијата ќе биде спроведена во сабота и недела од 10 до 17 часот.  
Бидете хумани и донирајте!