Купишта лист се товаараа и транспортираа до депонијата „Алинци“

 

 

По обилните дождови проследени со ветер, комуналците беа мобилни, со цел, на граѓаните да им обезбедат сигурно движење по улиците и тротоарите.

 

Дождот кој непрекинато паѓаше ноќеска и во теков на денот, на комуниалците им создаде купишта лист кој го имаше насекаде, по улиците, тротоарите ,парковите. Иако врнежите не престанаа , комуналците продолжија со работа, со цел , на граѓаните да им обезбедат услови за непречено движење.

По централните  улици каде има и најмногу дрвја беа  распределени дополнителни екипи од единиците паркови и метачи.

Листот од дрвјата, комуналците, секоја година го метат во септември, но, годинава, заради топлото време, Комуналец, со метење на лист се занимава веќе три месеци. Ова бара дополнителна работна човечка рака, што, во секој случај, го товари Јавното комунално претпријатие со непредвидени трошоци.

Но, од Комуналец велат дека без разлика на дополнителните ангажмани и средства тие се подготвени во секое време и добро екипирани и во потешки временски услови да го задржат епитетот на најчист град во државава.

Доколку задржат предвидените временски услови со врнежи од дожд проследени со ветер, од Комуналец бараат разбирање од граѓаните, доколку се случи во некои делови од градот да не успеат навремено да се справат со собирањето на листот.