Населеното место Алинци ќе добие игралиште

 

 

Општина Прилеп и ЈКП „Комуналец“, покрај редовното спроведување на активностите во градот, се грижат и за подобрување на културниот и спортскиот живот во руралните средини.

 

Во соработка со Локалната самоуправа, останатите јавни претпријатија и бизнис секторот новото фудбалско игралиште, ќе биде во должина од сто метри.

Фудбалско игралиште ќе биде со стандардна големина, со дренажа на терен, осветлување, простор за соблекувална и со помошна трибина.

ЈКП Комуналец и Локалната самоуправа и во иднина ќе продолжат да инвестираат во проекти кои придонесуваат  за поквалитетен живот за сите граѓани.