Тротоар и на центарската „Борка Утот“

 

 

По асфалтирањето на улицата „Борка Утот“ која води покрај полицијата, деновиве, се прившува нејзиното  уредувањето на тротоарите со бехатон плочки.

 

Иако оваа улица е една од најфреквентните за пешаци токму заради локацијата на полициската станица, досега немаше тротоари, со што, беше отежнато движењето на пешаците и на возилата. Доколку дозволат временските услови нејзиното полошување ќе заврши неделава.

Со ваквите потези на Локалната самоуправа и ЈКП„Комуналец“ градов добива урбан изглед, но, и се зголемува сигирноста во сообрајкајот.

На улицата Борка Утот ќе бидат поставени 750м2 бехатон во должина од 251метар. Паралено, ЈКП„Комуналец“ работи и на  поплочување со бехатон и во неколку населби.

Досега Локалната самоуправа и Комуналец за годинава имаат поставено над 1 илјади м2 бехатон. За наредната година  во Програмата за работа на ЈКП„Комуналец“ предвидено е да се изградат 11 илјади м2 тротоари. Од Комуналец велат дека етапно ќе работат на овој проект, со цел , во целост да ги задоволат потребите на граѓаните за сируно движење и урбан изглед на градов.