Ископан 24-тиот бунар за технолошка вода во кругот на спосртската сала Македонија

 

 

ЈКП„Комуналец“ деновиве ископа нов бунар за технолошка вода на просторот пред сала Македонија.

 

Бунарот е ископан на длабочина од 65м со просецна издашност од 8 литри во секунда. Оваа нова инвестиција на ЈКП„Комуналец“ е направена, со цел, да се задоволат потребите од технолошка вода на спосртската сала Македонија, но и за полевање на Могилата на долниот дел и околните зелени површини.

Инаку, во  2005 година ЈКП„Комуналец“ во соработка со Локалната самоуправа го започна проектот технолошка вода. Досега се ископани 23 бунари со ФИ 14. Просечната  длабочина  е  60 метри, дел од бунарите се ископани и на 90м и со издашност по бунар од 6-10 литри вода во секунда.

Од ЈКП„Комуналец“, потенцираат  дека технолошката вода ја сметаат за еден од најдобрите капитални проекти кои ги сработија изминативе 7 и пол години.