Технолошка вода - прес конференција

 

 

Технолошка вода, благодет за Прилепчани со просечна издашност од 170 литри вода во секунда.

 

Градоначалникот  Марјан Ристески и директорот на ЈКП„Комуналец“ Златко  Ристески одржаа прес конференција, со цел, да ја информираат јавноста што се постигна со ископувањето на технолошката вода и кој се идните планови.

-„Вкупно се ископани 23 бунари со просечна издашност од 5 до 10 литри вода во секунда. Поставени се 20- сет пумпни станици и  инсталирана е водоводна  мрежа од сите бунари , спроведена до најблиските парцели за наводнување.Инвестицијата е 15 милиони  денари, но овде не запираме, увидовме колку е важен овој прокет за градот“- рече  градоначалникот Марјан Ристески.

-„Водата е живот и таа нема цена“, потенцираше директорот Ристески и додаде дека благодарение на технолошката вода и самостојноста во работата да не се зависи од никого, се постигнати  резултатите во чистотат

ат на градот и одржувањето на 70 илјади метри квадратни  парковски површини.

Бунари се ископани во кругот на механичка работилница, на депонија, во Стари и нови градски гробишта, Петта Прилепска, Димо Наредникот, во Типска населба, Ѓогдере, три во населбата Точила, Бончејца. Во зградите под касарни, центар на Алексадрија и на плоштадот Методија Андонов- Ченто, зградите пред мостот кај касарни, парк кај судот и пред Центар за култура Марко Цепенков.Два бунари на Паркот на револуцијата, Градски стадион, зграда Македонија и Фудбалски стадион Могила.

Некои од бунарите се тестирани од Заводот за здравствена заштита и потврдено е дека водата е бактериолошки исправна.Но не е препорачлива за пиење без  дополнителен третман.

Од 23-те бунари градот добива 150 литри вода во секунда или некаде 50% од капацитетот кој го овозможува  Студенчица.